ВО СООБРАЌАЈКА ЗАГИНА ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО НА ПАТОТ КАМЕНИЦА – ДЕЛЧЕВО

Загина двегодишно детенце со неговите родители попладнево во тешка сообраќајна несреќа на дестина километри пред Делчево. Најверојатно, директниот судар на патничкото возило фијат пунто со делчевски регистерски таблички во камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички бил кобен за младото семејство Димитровски од Делчево. 32-годишниот возач, неговата 5 години помлада сопруга и нивниот двегодишен син загинале на лице место.
 СВР ШТИП потврди дека три лица го загубиле животот во несреќата која била пријавена во 15, 40 мин на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро. Според првичните инфромации, дошло до директен судар со камионот кој бил управуван од 56-годишниот ПГ од Штип кој возел во насока на Кочани, додека пмв фијат пунто управувано од 32-годишниот ДД возел во насока на Делчево. Надлежните во моментов вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин во двата правци.
Извор: СтарТВ Штип
Пишува: Даниела Такева

Leave a Reply

Your email address will not be published.