Во својот прв натпревар најмладите момчиња од КК Баскет- Кам со феноменална игра го совладаа МЗТ- Скопје на гостински терен

05.02.2018 каменица.мк

Екипите на КК Баскет Кам одиграа одлични натпревари во текот на изминатиот викенд.
Во машка конкуренција од М-18 категорија, извојуваа повеќе од убедлива и рутинирана победа против силната екипа на КК ФМП од Скопје, со конечен резултат од 79:55.

Најмладите пак, момчињата од М-12 категорија, беа и најуспешни. Тие на својот прв официјален натпревар, успеаа да слават на гостински терен против силниот МЗТ Скопје. Запишаа конечни 33:41 за една од најзначајните победи на КК Баскет Кам. Младите надежи од Македонска Каменица успеаа со одлична игра во текот на целиот натпревар, како во нападот така и во одбраната, да го држат резултатот под контрола. Домаќините успеаа само да пружат достоен отпор на теренот со што победата на младите момчиња од М-12 категоријата на КК Баскет Кам им ја направи уште позначајна, уште еднаш ставајќи го акцентот на тоа дека ова беше нивни прв официјален лигашки натпревар воопшто одигран.

Во женска конкуренција, тесен резултат, изедначена игра на теренот и силен отпор, девојките од М-18 категорија прикажаа против шампионската екипа на КК Бадел – Скопје. Гостите од Скопје се изнамачија во текот на целиот натпревар во играта против нашите девојки и буквално во последната четвртина од натпреварот едвај успеаа да врзат два-три ефективни напади за да слават со 40:48. Првите три четвртини се играа „кош за кош“, а изедначеноста во играта против шампиоките на Бадел говори и фактот дека третиот дел од натпреварот заврши со 33:33.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *