Во петок се игра финалето на турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2022

Најуспешните екипи на турнирот во мал фудбал – Рудник САСА 2022, овој петок со почеток од 18:30 часот, во спортската сала во Македонска Каменица ги играат финалните натпревари од плејоф разигрувањето.

Во 18:30 часот, започнува натпреварот за трето место помеѓу екипите на „Технички“ и „Рудник“, а терминот од 19:30 часот е резервиран за финалето на турнирот каде се среќаваат „Администрација“ и „Електро“.

Во првиот полуфинален натпревар, одигран минатата недела, екипата на „Електро“ ги совлада „Технички“ со 2:1. Вториот полуфинален натпревар заврши со идентичен резултат, каде „Администрација“ славеше против „Рудник“.

Турнирот се одигра во двокружен систем на натпреварување. Вкупно беа одиграни 10 кола. На врвот на табелата е екипата на „Електро“ со 14 бодови. Екипите на „Рудник“ и „Администрација“ го делат второто место со по 13 бодови.

Најдобар стрелец на турнирот, со 19 постигнати голови е Иван Павлов од екипата на „Администрација“, втор е Игор Ангелов од „Технички“ со 16 голови. Третото место со по 11 постигнати погодоци го делат Кристијан Мирчевски од „Електро“ и Иван Веселиновски од екипата на „Администрација“.

Изедначеноста по квалитет на екипите носи неизвесност и интересни моменти на натпреварите. Публиката ќе има можност да проследи убав фудбал на теренот и позитивни спортски доживувања на трибините во спортската сала во Македонска Каменица.
Од завршницата од турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2022 е обезбеден пренос во живо на Kamenica.Mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *