Во Македонска Каменица одбележан 11. Октомври – Денот на народното востание

Со почит кон историјата и нејзините придобивки градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова положи свежо цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ.
 

Македонска Каменица, 11.10.2020 година – Со почит кон историјата и нејзините придобивки градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова положи свежо цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ.

На одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ, свежо цвеќе положија и претставници од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ЈП „Камена Река“, КИЦ „Романса“, како и претставници на дел од Општинските организации на политичките партии во Македонска Каменица.
Во рамки на одбележувањето на 11. Октиомври, од млади творци од Македонска Каменица и ученици при двата образовни центри во градот беа читани тематски реферати за ликот и делото на Вера Јоциќ и за значајот на Народноослободителната борба на македонскиот народ.
 
Делегации од општина Македонска Каменица на чело со градоначалничката Соња Стаменкова и претставници од локалната самоуправа положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на народниот херој Вера Јоциќ во село Саса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *