Во Кочани се преврте патнички автобус. Најмалку 6 лица завршија во болница

Патнички автобус се преврте во Кочани. Најмалку 6 лица завршија во болница.  Несреќата за која се уште нема никакви конкретни информации се случила доцна попладнево, на самиот влез во Кочани.

Автобусот се враќаl од Штип кон Кочани. Според првичните податоци, до несреќата дошло кога возачот  се обидел да избегне возило кое излегло пред него, при што изгубил контрола и излетал надвор од патот во шанец длабок 10-тина метри.

Најмалку 6 лица се пожалиле на повреди, при што посериозно повредени се две жени. Сите се префрлени во Кочанската болница, но податоци за нивната состојба засега нема.

Од полицијата ја потврдуваат несреќата, но поради незавршенот увид, повеќе информации најавуваат за утре.

утре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *