Турскиот министер за економија Нихат Зајбекчи изјави дека храната е доставена во Катар со 71 авион, откако Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со земјата и и воведоа санкции со обвинување дека го поддржува тероризмот.
„Овој викенд ќе почнеме да му доставуваме на Катар стоки преку море. Во моментов исто така наши камиони се на пат за Катар“, изјави Зајбекчи.