Во Италија се враќаат традиционалните вински прозорци од XVII век

Ова не е првпат смртоносна болест да се шири низ целиот свет. На почетокот од 17 век Европа била погодена од црната чума. Една традиција што постоела тогаш и сега се негува во дел од Италија. Станува збор за купување вино преку прозорци соодветно наречени вински прозорци или на италијански buchette del vino.

Луѓето морале да продолжат да заработуваат иако се ширела смртоносната болест. Во тој период, Италијанците продавале и купувале вино. Винските прозорци биле безбеден начин на продавање на виното.

Денес, од вакви прозорци се продаваат сладолед, кафе и вино во Фиренца. Според Асоцијацијата на вински прозорци, одредени сопственици на вакви прозорци почнале да продаваат кафе и сладолед, додека други продолжиле со старата традиција и продаваат вино.

Претседателот на асоцијацијата, Матео Фалија, објаснува дека луѓето може да чукнат на малите дрвени ролетни и семејствата што го произведуваат најдоброто вино во регионот им ги полнат шишињата или чашите со вино. За да се зголеми безбедноста, виното се дава преку прозорецот, додека плаќањето се врши преку метална плочка на која купувачите ги оставаат монетите. Речиси нема директен контакт при купувањето вино.

Винските прозорци се уникатни за регионот Тоскана, а најмногу ги има во Фиренца. Исклучок е градот Фаенца, за кој се претпоставува дека имало вински прозорци во минатото, но традицијата исчезнала со текот на времето.

Автор: Дениз Јилмаз
Извор: interestingengineering.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *