(ВО ЖИВО) НОВ РАЗУРНУВАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО МЕКСИКО

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Мексико, соопшти Американскиот геофизички институт.Мексиканската сеизмолошка агенција претходно информира дека потресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтер, додека некои американски медиуми јавија за интензитет од 7,4 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 51 километар под површната на земјата, со епицентар во источниот дел на сојузната држава Пуебла, на осум километри јужно од градот Антенсинго и на околу 65 километри југоисточно од мексиканскиот главен град Мексико Сити.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Мексиканските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, каде голем број жители во паника ги напуштале своите домови и работни простории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *