Во Гостивар и Демир Капија се пронајдени мажи починати во домовите

Двајца мажи вчера се најдени починати во своите домови во Гостивар и Демир Капија.

Во полициска станица во Неготино родител пријавил дека го пронашол починат својот 33-годишен син, во семејната куќа на улица „Радњанска“ во Демир Капија.

Во гостиварската полиција маж пријавил дека во куќа на улицата „ЈНА“ го пронашол починат својот 68-годишен татко. Според пријавеното, тој имал претходни здравствени проблеми.

Во двата случаи увид извршила полицијата и медицинска екипа.

Телата на двајцата починати се предадени на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *