Вонредна вест: Жителите на село Саса ги напуштаат своите домови пред огнената стихија

Жителите на село Саса се евакуираат пред огнената стихија. Македонска Каменица се мобилизира со сите расположливи сретства за гаснење на оваа непогода која ги зафати домовите на жителите од маало Аџии и Траканица. Побарана е помош од сите Центри и Координативни тела за управување на кризи на регионално и национално ниво. Екипите се на терен и во текот на ноќта.

Страшниот пожар во село Саса не престанува. Според информации од терен се евакуираат луѓето кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Ангажирани се голем број на човечки и технички ресурси како од Македонска Каменица така и соседните градови. Се поизвесно е дека во утринските часови неминовна ќе биде потребна интервенција од авионско гаснење. Фотографиите се од самото место каде се гасне пожарот во Саса. Во локализирањето на пожарот во текот на целиот ден се ангажирани екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, а според неофицијални информации на терен се наоѓаат и вработени во граничната полиција. Неминовна ќе биде сеопфатна акција, која засега поради мракот не е возможна. Она што со сигурност се знае е дека луѓето се евакуираат и земаат она што може да се земе од своите имоти.

 

Извор: Delcevo365.mk (MIA)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *