Вокалот на “Deep Purple” Иан Гилан доаѓа во Скопје

автор: Мартин Ангеловски

 

Вокалот на „Deep Purple” во СКОПЈЕ !800px-Ian_Gillan-04

Рок легендата, пионирот на хеви металот и вокал на единствените „Deep Purple”, Иан Гилан доаѓа во Македонија. Во склоп на европската соло турнеја легендардиот вокал ќе го посети и Скопје. На концертот кој ќе се одржи во ВИП Арената, Гилан ќе биде придружуван од бендот на легнедарниот клавијатурист Дон Ејри и македонската филхармонија, под диригентство на Стефан Бентли Клеин кој е познат како диригент кој под свое водство ги придружува филхармониите на рок и џез концерти ширум светот.

deep-purpleВокалот на „Deep Purple” е познат по хитовите „Smoke On The Water“, „Black Night“, „Perfect Strangers“ кои ги испеа со бендот како и по неколку хитови од „Black Sabbath”, уште еден легендарен хард рок/хеви метал бенд во коj Гилан членуваше во периодот од 1983-1984 (до реоформувањето на „Deep Purple”).74705174Иако не е прв вокал и оригинален член на „Deep Purple”, сепак од 1993 па до денес Иан Гилан е фронтмен на бендот. Во „Deep Purple” членува од 1969-1973 година. По несогласување со гитаристот Ричи Блекмур, Гилан излегува од бендот и го формира бендот „Gillan“ со кој не забележува посебен успех. Во 1983 година Гилан е повикан да биде вокал на „Black Sabbath” со кој го издава албумот „Born Again”.Албумот и концертната промоција ширум светот не поминуваат успешно па по реоформувањето на „Deep Purple” (Март 1984) Гилан му се придружува на бендот. Членува до 1989 година и пак доаѓа до несогласувања со Блекмур. Откако Блекмур одлучува трајно да го напушти бендот, во 1992 Гилан се враќа во бендот. Гилан продолжува со работа и е активен до ден денес, како со бендот, така и со соло настапи ширум светот. Концертот во Скопје ќе се одржи на 5 ноември во ВИП Арената со што „Авалон Продукција“ ја затвора светската концертна сезона 2016. Специјални гости на концертот ќе бидат Папа Ле Гал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *