ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Огромен број нови одрони на патниот правец Македонска Каменица – Кочани

Македонска Каменица 24. Март 2018 година – Нови одрони на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Се препорачува исклучително внимателно возење на оваа делница, поради зголемениот број на одрони. Движењето е отежнато, на одредени места сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Социјалните мрежи се преполни со направени фотографии и видеа на патниците и возачите од критичните точки, а нивните жестоки реакции се секојденвни и не стивнуваат. Ситуацијата е алармантна. Иако е планирана санација и реконструкција на делницата, таа се одвива бавно и трае години наназад. Граѓаните од овој дел на државата бараат целосно решавање на овој проблем.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *