ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: НОВИ ОДРОНИ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ КАМЕНИЦА – КОЧАНИ (01.04.2018)

Македонска Каменица, 01 Април 2018 годинаПоради обилните врнежи во овој период од годината, зголемен е бројот на одрони на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Се препорачува внимателно возење долж целата траса од овој магистрален пат.
Повеќе пати пишувавме дека оваа делница се наоѓа во катастрофална состојба, а ситуацијата со години наназад останува непроменета. Движењето по овој патен правец е вистинска опасност за возачите и патниците од Македонска Каменица и околните градови.

Најавеното реконструирање на овој патен правец од пред неколку години, како да заврши со поставувањето на „ивичњаци“ и фарбање на заштитната ограда кај некои од мостовите. Настанатите свлечишта неколку години беа нечепнати до пред два месеци, кога конечно започна нивно отстранување. Дупките од асфалтот на овој патен правец исто така се проблем со кој се соочуваат возачите, бидејќи автомобилите се оштетуваат секојдневно, а и безбедноста на возачите е доведена во прашање. На овој патен правец, во текот на летниот период, постојано се напасува крупен добиток, оставен сам на себе, кој исто така претставува особена опасност при возењето, особено ноќе кога видливоста е намалена

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *