Празниците и одмор надвор од дома може да ви донесат проблеми зашто вашите планови во тој случај се совпаѓаат со плановите на крадците . Долгата низа неработни денови крадците ја толкуваат како директна покана за посета и проверка на сé што е вредно во домовите.
Оттука, според стручните, еве кои се основните работи што не треба да ги направите пред да заминете надвор од дома, па макар и на неколку часа.
1 Не фалете се преку социјалните мрежи каде ќе одете.
2 Ако и покрај тоа заминете некаде не постирајте ништо на мрежите и не издавајте се.
3 Сé што е вредно, а го чувате дома и може да се изнесе дадете го на чување кај близок .
4 Проверете ги прзорците дали ви се добро заклучени. Двојно заклучете ги вратите, ако имате аларм активирајте го и замолете ги блиските соседи да внимаваат на вашата куќа или стан
5 Не гасете ги светлата за цело време, може да го оставите вклучен дури и телевизорот .
Секако, сето ова е голема подготвка но мора да се има на ум и дека предизвикот на крадците за празниците е исто така голем. Поради ова, не жалете труд, бидете одговорни кон вашите скапоцености и заштитети ги за одморите да не ви преседнат.
За крај, секако, мора да и се верува и на полицијата како на сојузник, но таа се уште нема толку очи колку што имаат крадците. Затоа, потпрете се најпрвин на себе.