Внимавајте! Несовесни возачи возат во обратен правец на автопатот Штип – Миладиновци

Штипјанец вчера возел во спротивен правец на  новиот автопат Штип – Миладиновци.  Освен што се појави снимка на социјалните мрежи,  дека станува збор за возач од Штип  ни потврдија и други возачи кои на овој автопат  патувале во исто време.

Иако постојано  од останатите бил  предупредуван дека не е на вистинското  место за возење, штипјанецот  не се ни обидел  големата грешка да ја исправи .  Решение  нашол во вклучување на четирите трепкачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *