
Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски од денес официјално се врати во Хрватска и ќе игра за екипата на Горица, објави клубот на својата интернет-страница.
24-годишниот напаѓач кој беше дел од Македонија на Европското првенство (ЕП) ги финализира сите детали и потпиша договор со тимот од ХНЛ-лигата до 2024 година. Доаѓа како слободен, откако претходно го раскина договорот со француски Ним.
Стојановски, кој има 24 години, замина во Ним во 2019 година од редовите на Ренова, а играше и за Шамбли. Претходно, тој настапуваше на терените во Хрватска во редовите на Дугопоље, РНК Сплит и Неретванац, а беше член и на македонски Металург.
Напаѓачот има и девет натпревари за сениорскиот тим на Македонија и два постигнати гола. Горица е дел од најквалитетната хрватска фудбалска лига.
Извор на веста: gol.mk