Влатко Стојановски најдобриот настап за Ним го круниса со гол

Македонскиот  репрезентативец, Влатко Стојановски, ја одигра најдобрата партија во дресот на Ним, партија која ја круниса со деби-погодок на еден официјален натпревар на францускиот прволигаш.

 

Во рамките од третото коло од Лига Купот на Франција, поранешниот член на Ренова доби шанса за настап од првата минута, а истата ја искористи со погодок за печат на победата на својот нов тим над Ленс. Стојановски погоди од пенал во 87. минута од натпреварот за конечни 3-0.

Претходно, во подготвителниот период 22-годишниот напаѓач запиша два гола во дресот на Ним.

Стојановски се пресели во Франција од редовите на Ренова за сума од 1,5 милиони евра. Тоа е најскапиот трансфер кога се работи за фудбалер од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *