Влатко Стојановски во стартниот состав против Ерменија!

 

 

Селекторот Игор Ангеловски го одреди стартниот состав за натпреварот против Ерменија кој се игра во рамки на последното коло на Лигата на нациите, во Никозија, Кипар.

Македонија претрпе многу промени затоа што не можеше да се смета на осум стартери. Најголемите новости се во средниот ред, а во нападот, каде се Тричковски и Трајковски, место доби и Влатко Стојановски пред Илија Несторовски.

МАКЕДОНИЈА (3-5-2): Шишковски; Зајков, Муслиу, Велковски; Ристовски, Тотре, Костадинов, Бејтулаи; Трајковски; Тричковски, Стојановски

Ерменија, пак, ќе игра во стандардната формација, во тимот ќе бидат двајцата екс-вардарци Хамбарџумјан и Барсегјан, а најголема опасност е најистурениот напаѓач Карапетјан.

ЕРМЕНИЈА (4-2-3-1): Јурченко; Хамбарџумјан, Харојан, Восканјан, Хофханисјан; Григорјан, Удо; Барсегјан, Корјан, Хакобјан; Карапетјан

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија стартува од 18:00 часот, а е битка за првото место. На Македонија ѝ е потребно најмалку реми за да остане лидер, додека на Ерменија во игра ѝ е само победата. Подобриот од овој меч патува во Лигата Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *