Влада: Хроничните болни да се вратат на работа, освен оние со влошена состојба и малигна болест

Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, одлучи Владата на денешната седница, усвојувајќи ја препораката на Комисијата за заразни болести, со одредени исклучоци.

За бремените жени, одлучено е да продолжат да ги користат владините мерки.

Повеќе здруженија на пациенти во врска со препораката на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, денеска испратија барања до надлежните, лицата што се со најголем ризик од смртност од ковид-19 да останат ослободени од работа, списокот со најризичните хронични болести да биде доставен од соодветните клиники, враќањето на работа да се одвива според одредени критериуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *