Владата најави олеснување на рестриктивните мерки по 1 Мај

Владата најави дека по 1 мај ќе почне да ги олеснува рестриктивните мерки во земјата, додека бројката заразени со коронавирусот порасна за уште 53.

  • Во последните 24 часа нема смртни случаи од КОВИД-19 во Македонија, но се регистрирани нови 53 позитивни теста.
  • Од нив, 13 се во Скопје, 12 во Велес, по девет во Куманово и Прилеп, четири во Тетово, како и по два во Битола, Струга и Македонски Брод, први во овој град досега.
  • Вкупната бројка заразени сега изнесува 1.170, од кои 49 починаа, а 164 се излекувани.
  • Додека во Македонија е на сила 85-часовна општа забрана за движење, Владата најави олеснување на рестриктивните мерки од 1 мај, без да прецизира како ќе изгледа тоа.
  • На светско ниво досега има речиси 2,3 милиони заразени, од кои починале повеќе од 156.000.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *