Владата ги прогласи Осоговските Планини за заштитен предел. Шар Планина ќе биде национален парк

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека на денешната седница на Владата биле усвоени иницијативите за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските Планини.

Владата одлучила да ги прифати предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – заштитен предел.

Согласно законската процедура за прогласување заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации, соопштуваат од МЖСПП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *