Високото ниво на реката Брегалница буди убави спомени кај кајакарите од регионот

Покаченото ниво на Брегалница е идеално за возење кајак, но и покрај неколку покренати иницијативи, Штип не успеа да го возобнови кајакарствоот во градот. Последен пат, кајакарски клуб во Штип имал во 1952 година и тоа на иницијатива на тогашна Народна техника:

  • Во тоа време бевме 5-6 другари од генерацијата 1937 година.. Во оваа прилика би ги споменал Боро Денков, Јордан Арсов, Томислав Димков, Момчило Милошев, методи Гранков и јас. Добар дел од нив не се повеќе живи, изјави Иван Ефтимов, некогашен кајакар.

Секое покачување на нивото на Брегалница, кај старите кајакари ја враќа носталгијата за  некогашното време:

  • Имавме три чамци, два беа едносед и еден двосед. беа дрвени, со рамно дно. Ги чувавме во куќа во Ново Село кај некогашниот јавот и веславме од Ново Село до Софилари, се сеќава Ефтимов.

Возењето кајак е голем предизвик. Бара големо искуство и умешност:

  • Тоа е тежок спорт. Најнапред е многу тешко да се качиш во кајакот, особено во овие денешните кои се со заоблено дно. Потребна е голема стабилност зашто во спротивно ќе се превртиш, појасни Ефтимов.

Некогашните генерации на кајакари во Штип, немаат на кого да му го пренесат  своето знаење,а капацитетот на Брегалница останува неискористен. Се чекаат некои идни генерации на ентузијасти кои ќе го вратата кајакарството во Штип.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *