Високи 8:0 на ЖФК Каменица САСА против ЖФК Плачковица

Во 14 коло на Првата Женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Каменица-Саса со високи 8:0 ја победи ЖФК Плачковица.

Одличен натпревар денес одиграа каменичките девојки, во кој три пати во листата на стрелци се запишаа Ана Димитровска и Мила Талевска, додека Вероника Николовска и Сара Хусеин постигнаа по еден погодок.

Ова е уште еден доказ дека женскиот фудбал во Македонска Каменица силно се развива, особено по формирањето на првиот Женски фудбалски клуб Каменица САСА на чело со Зоран Златковски, активен фудбалер во редовите на машкиот Фудбалски клуб Каменица САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *