Високи 18:0 за ЖФК Каменица САСА против ЖФК Кочани

Македонска Каменица, 28.02.2021 година – “Одиме напред, одиме до крај” и 18:0 за каменичките девојки против екипата на ЖФК Кочани.

Денес, на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра 16. коло од Првата Женска Фудбалска Лига на Македонија.
ЖФК Каменица Саса славеше со високи 18:0 против ЖФК Кочани од Кочани.

Каменичките девојки во овој локален дерби дуел влегоа супериорни, спремни и високо мотивирани против екипата на Кочани за одличен успех во пролетниот дел од сезоната.

Стрелци на головите за ЖФК Каменица САСА, на денешниот натпревар против екипата на ЖФК Кочани се:

Стефанија Маринковска 4, МоникаГеоргиева 1,Анастасија Маринковска 1
Рабија Дервиши 2,
Марјана Нацева Ману 4
Пале Николовска 3
Мила Талевска 3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *