Висока победа на САСА против Победа од Валандово

Со високи 7:1 заврши денешниот натпревар од 18.Коло на Втората фудбалска лига на Македонија, одигран помеѓу екипите на Каменица САСА и Победа од Валаново. Одлични услови за игра на градскиот стадион во Македонска Каменица, со многубројна публика на трибините. Значајна победа за домаќините кои со оваа победа ја продолжија борбата за приклучок кон средниот дел на табелата.

Домашните фубалери одлично ја отворија играта на почетокот на натпреварот, ја имаа целосно контролата на играта во првите 15 минути. Но, по една полуконтра на гостите, со удар од непосредна близина на голот успеаа да поведат со 1:0 во 17 минута. Тоа беше се што покажаа гостите до крајот на натпреварот. Домаќините успеаа да израмнат уште во првиот дел со голот на Дамјан Ивановски во 27 минута, по неговиот одличен соло продор и убаво нафрлена топка од искусниот Сашо Велиновски.


Во вториот дел екипата на Каменица САСА повторно ја презеде контролата на теренот. Се редеа шансите за гол. Едниствен виновник за нерешениот резултат беше гостинскиот голман кој успеа да одбрани дури 5 директни удари кон колот во првиот дел од натпреварот. Вториот гол го постигна Сашо Велиновски, кој од левата стана успеа добро нафрлената топка, да ја смести во спротивниот горен агол. Потоа се редеа головите на Мартин Гоцевски, Ефтим Аксентиев со глава, Никола Димовски и двата гола на Даниел Гоцевски од кои едниот беше навистина прекрасен гол, постигнат со лоб-удар од над 30 метри далечина.

Денес во Каменица се одигра одличен натпревар со убава игра на домаќините, освоени се 3 многу значајни бодови. Публиката со боројност од околу 1000 посетители со задоволство го следеше натпреварот. САСА во следното коло гостува во Радовиш против ФК Плачковица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *