Викенд полн со црна хроника во Скопје: Грабната жена успеала да му избега на грабнувачот во Пинтија

Скопјанка околу 03.30 часот во Единицата за известување и командување пријавила дека синоќа околу 22 часот противправно била лишена од слобода од непознато лице.

МВР информира дека во наведеното време М.С. (41) била во дневната соба и забележала непознато лице како стои на балконот од нејзината куќа. Кога излегла да види кој е, непознатото лице ја фатило за коса, насилно ја одвлечкало и ја внело во патничко возило и се упатило над манастирот „Св. Еремија“ во населба Пинтија.

Кога застанале лицето со некого почнало да се допишува на мобилен телефон, М.С. успеала да ги отклучи вратите од возилото и да избега. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *