Викендов започнува второлигашкото првенство. САСА го пречекува Кит-Го од Пехчево

Второлигашите од Истокот се подготвени за почетокот на пролетната полусезона од Втората лига Исток.

На 9-ти март се игра 15-тото коло, во кое Каменица САСА ќе стартува со натпреварот против Кит-Го.

Каменичани се наоѓаат на последната позиција на табелата со само 7 бодови.

Кит-Го Пехчево е во многу подобра позиција на табелата.  Имаат четврто место со два бода предност пред штипјани. Нивната полусезона беше во знакот на ремијата, кои сериозно се одразија на пласманот. Сепак, нивното гостување во Македонска Каменица нема да биде воопшто лесно, ако занеме дека екипата на Каменица Саса е засилена на повеќе позиции. Од друга страна, Каменица Саса е најбезнадежниот претставник од Истокот. Се наоѓаат на дното на табелата со само 7 бодови, три помалку од последните четири екипи и дури 30 зад лидерот Борец.

Битката на каменичани ќе биде опстанок во лигата, што и не е така невозможна мисија, но покрај серија на победи, на рударите ќе им треба многу среќа и се разбира поддршка од трибините за да ја надминат разликата со останатите екипи.

Каменица Саса е единствената екипа од Источниот регион, која ќе биде домаќин во 15-тото коло од Втората лига Исток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *