(ВИДЕО) Запознајте го 7 годишниот Македон од Тетово – Македонско чудо од дете за кого генијалноста нема граници

Македон Димитровски –  Македонско чудо од дете ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово во второ 1 има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Нашиот мал генијалец ни донесе златен медал по  математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет, пренесува ТВ Сител.

Тој е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи германски, грчки и кинески.

Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во нејзината 27 годишна кариера бил огромен предизник.

Погледнете го гостувањето на Македон заедно со неговите родители во утринската програма на Сител Телевизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *