Видео: Горан Пандев ја започна сезоната со лоб мајсторија

Џенова после само десет минути игра води со 2-0 против Кротоне во меч од Серија А на кој Македонецот Горан Пандев ја носи капитенската лента во домашниот тим, и беше стрелец на вториот погодок со кој најавува триумф.

Пандев избегна неуспешна офсајд замка, откосо излезе сам пред противничкиот голман и со мајсторски лоб ја смести топката во мрежата на Кротоне.

  • Мајсторијата на Горан Пандев против Кротоне:

Претходно, водечкиот гол за Џенова го постигна Матиа Дестро. На клупата на Џенова дебитира новиот тренер Маран.

 

SHARE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *