Вештак ќе утврдува чии се коските пронајдени кај Берово

Врз пронајдените човечки коски кај Берово ќе се прават дополнителни вештачења и ќе се утврдува ДНК,што треба да доведат до откривање на индендитетот на лицето кое го завршило животот покрај беровската депонија. Засега, нема индиции за идентитетот на лицето, а од полицијата информираат дека овие вештачења ќе траат подолго и најпрво ќе се проверуваат лицата кои се водат за исчезнати од овој регион.

Човечкиот череп и коски  пред два дена се најдени во местото Црвен Брег, во близина на депонија за градежен отпад во Берово.

Како што е наведено во полицискиот билтен, во Полициската станица Берово, А.С. (43) од Германија, со престојувалиште во Берово, движејќи се во местото „Црвен Брег“, во близина на депонија за градежен отпад, забележал дел од череп кој наликувал на човечки.

По вчерашниот извршен увид од екипа од ПС Берово во непосредна близина пронајдена била и вреќа во која имало коски кои наликувале на човечки. Коските биле подигнати од местото на настанот од страна на увидна екипа од ПС-Берово за понатамошна постапка.

Izvor: StarTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *