Вечерва сите заедно да навиваме за Македонија против Израел

Македонија нема многу избор и мора да оди на победа против фаворитот Израел, вечерва од 20,45 часот на националната арена „Филип Втори” во Скопје.

Во меч од второто коло во квалификациите за настап на СП во Русија 2018 година ќе играат две селекции, кои се во негативен тренд и долго немаат победи на официјален меч. Македонија е без триумф на последните 9 квалификациски натпревари, а Израел не знае за успех на последните 6 натпревари и има 5 порази по ред.

„Израел е фаворит, но ние немаме избор и мора да одиме на победа. Имаат квалитетни играчи и одличен индивидуален потенцијал и нема да биде лесно. Сепак со поддршка од публиката очекувам добар меч и успех“, рече македонскиот капите Горан Пандев. Тој е алфа и омега кај нас и од него се очекува да биде главна опасност за разнишанат одбрана на Израел. Тоа е најслабиот дел од гостинскиот состав, па затоа селекторот Игор Ангеловски ќе го приклучи Илија Несторовски во првиот состав. Шпицот на Палермо е во гол-форма во Серија А во Италија и има 3 погодоци на последните 4 натпревари.

Главна дилема за Ангеловски е дали Ванче Шиков ќе може да игра, по повредата на скочниот зглоб. Стоперот се мачи со повреди во последно време и незивесен е неговиот настап. Промените во одбраната во нашиот национален состав можат да бидат меч со две острици, особено порад екстра-квалитетот на израелските офанзивци. Главен играч на гостите им е капитенот Еран Захави, фудбалер на Гвангжу. Тој е ѕвездата на Израел и од него зависат многу работи во играта на гостите. Одлично играат и Хемед и Тал Бен Хаим помладиот, па ќе треба многу да се внимава на израеслкиот напад.

И двете селекции тргнаа со порази во вовој циклус, Македонија од Албанија нагости со 1:2, а Израел од Италија на домашен терен со 1:3, па немаат многу избор освен атак на трите бода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *