Вечерва почина легендарниот ЕКС-ЈУ глумец Љубиша Самарџиќ

Самарџиќ во декември минатата годија беше подложен на тешка операција на мозокот, а неговата здравствена состојба последните неколку дена била многу лоша.

Во декември, кога беше опериран, лекарите имаа оптимистични прогнози, меѓутоа, неговата ситуација се влошила

Љубиша Самарџиќ е роден на 19-ти ноември 1936 година во Скопје во рударско семејство. Стана истакнато име на југословенската кинематографија, а благодарејќи на неговиот тален постигна големи успеси. Специфичноста која ја носеше го направи легендарен актер кого често го поистоветуваа со улогите што ги толкуваше на големото платни и во бројните телевизиски серии, какви што беа Шурда, Смоки…

Со сопругата Мирјана беше во брак 50 години, со кого го имаа синот Драган кој почина на 34-годишна возраст од леукемија како и ќерката Јелена од која имаше внуци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *