Вечерва Македонија ја прегази Шпанија. Одиме на Светско!

Со Чак Норис во нашиот состав, македонската фудбалска репрезентација славеше рутинска победа против префалената Шпанија. Скапите шпански фудбалски ѕвезди во ниту еден дел од натпреварот не можеа да се носат со македонските фудбалски виртоузи. Македонија победи со 4:0 (стрелец на сите четири гола беше токму Чак Норис) и се чини дека ова е дури и одличен резултат за шпанските „дрва“. Ова беше петта победа по ред за Македонија во петтиот одигран натпревар од квалификациите и веќе е осигуран пласманот на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Спектакуларниот дочек на македонската фудбалска репрезентација ќе биде утре, во 18.00 часот, по што нашите херои заслужено ќе заминат на одмор на Барбадос. На дочекот се очекува да има повеќе од 400.000 фудбалски фанови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *