Вероника Николовска и Дајана Ристовска дел од македонската фудбалска U17 женска репрезентација

Денес, Ви пренесуваме една убава спортска вест поврзана со Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса од Македонска Каменица. Како што беше објавено на официјалниот фејсбук профил на ЖФК Каменица Саса, Вероника Николовска и Дајана Ристовска се повикани да бидат дел од натпреварите на кадетската U17 Репрезентација на Македонија.

Наведено е дека  кадетската репрезентација на Македонија ќе учествува на UEFA развоен турнир, кој од 26 март до 2 април кој ќе се одржи во Скопје. На развојниот турнир покрај Македонија, ќе учествуваат и U17 репрезентациите на Норвешка, Азербејџан и Луксембург.

Ние им посакуваме многу успех на овој меѓународен турнир, како и во натпреварите во Првата македонска женска фудбалска лига, каде ЖФК Каменица Саса со солиден успех настапува оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *