ВАЖНО ИНФО: Од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движење

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

👉Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

👉За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

👉Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

👉Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

👉Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.

👉Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *