ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Се забранува вршење на риболов на Калиманско Езеро во периодот на природен мрест на рибите

Македонска Каменица, 05.05.2021 година – ЗРСК Шаран Македонска Каменица ги известува сите риболовци дека од 05.05 до 04.06.2021 година риболовот на езерото Калиманци, Каменичка река и Брегалница од уливот дo Бигланскиот мост ќе биде забранет, а забраната на крапот ќе продолжи се до 30.06.2021 година.

Согласно решението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот на забрана контролата ќе биде засилена се со цел природниот мрест на рибите да биде поуспешен.
Секое непочитување на забраната ќе биде санкционирано од Државниот инспекторат за земјоделство и надлежните судови.

Во периодот на забрана ќе биде извршено порибување на млади единки од крап со количина од 300 килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *