Бугари во Грција продале бебе за 8000 евра

Бугари се вклучени во продажба на бебе во грчкиот град Катерини, објавува електронското издание на грчкиот весник „Прото тема”. Новороденчето момченце е продадено на бездетно грчко семејство за сума од 8.000 евра.

Мајката на детето е 30-годишна Бугарка, која имала финансиски проблеми.Таа го предала детето веднаш по раѓањето за што добила 2000 евра. Во договорот посредувал 39-годишен Бугарин.

Во октомври исто во Катерини бугарска двојка се обидела да ја продаде ќерката, но во последен момент случајот е стопиран. Тогаш полицијата ги уапсила родителите и уште двајца Бугари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *