Бронза за ЖКК „Баскет Кам“ на Ф4 турнирот во Струга

Екипата на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица во денешниот натпревар за трето место на Ф4 турнирот во М-18 категорија успеа да ја совлада екипата на ЖКК Шкупи од Скопје со високи 61:30. Резултатот во текот на целиот натпревар беше во корист на каменичките девојки кои во сите четвртини успеаа да го надиграат противникот

BKA 17 14 17 13 61
SHK 8 10 9 3 30

Најефикасна во редовите на КК Баскет Кам беше Бојана Попова со 22 поени, додека Моника Зафировска постигна 19 поени и Стефани Колева 13.

Екипата на ЖКК Баскет Кам е постојан учесник за завршните натпревари од Ф4 купот на Северна Македонија. Минатата година, на домашен терен го играа финалниот натпревар против ЖКК Бадел. Токму против екипата на ЖКК Бадел, во рамки на годинешниов Ф4 турнир кој се игра во Струга, каменичанки не успеаа да остварат позитивен резултат и да обезбедат пласман во финалниот натпревар.

Тренерот на составот на каменичанки, Јордан Цветковски во краткиот разговор веднаш по натпреварот изјави дека „со самото учество на завршниот турнир во Струга, помеѓу силните екипи на Бадел и домаќинот Струга, девојките го потврдија својот квалитет и место во македонската младинска кошарка. Овој успех е резултат пред се на тимската игра на сите поединци во напиот состав. Се надевам дека во следните натпреварувачки сезони, знаејќи дека најголем дел од девојките го носат товар од играта и во сениорската екипа на Баксет Кам, ќе успееме да обезбедиме пласман на прволигашкиот Ф4 турнир, како и финале од ова силно натпреварување“.

„Сакам да ја искористам приликата да им се заблагодарам на нашите спонзори кои ни овозможија услови за натпреварување и учество на турнирот, да упатам пофалби за организацијата до домаќините и секако да ја изразам радоста и благодарноста до девојките за уепсшната сезона, со надеж дека в година ќе остварат уште поголеми успеси на екипно и репрезентативно ниво“ – додаде Јордан Цветковски, тренер на ЖКК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица

Честитки до каменичките девојки за огромниот успех, со желби за уште поголеми успеси во иднина!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *