Бошко Стаменковски патува на Светско во Пауерлифтинг и бенч во Атланта, САД

Најтрофејниот македонски спортист, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица заминува во Атланта,Сад на Светско првенство во Пауерлифтинг и бенч каде што ќе атакува на нови успеси и потврдување на својот квалитет.

Во петок се мерењата, додека во сабота ќе следуваат натпреварите на кој што ќе настапи и единствениот македонец на ова првенство. Стаменковски се чуствува подготвен и мотивиран да постигне нов успех за натпреварувањата во категорија до 75 килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *