Босанската репрезентативка Јелена Гвоздерац останува на голот на шампионот ЖФК Каменица САСА

Јелена Гвоздерац потпиша нов едногодишен договор со ЖФК Каменица САСА. Репрезентативниот голман на Босна и Херцеговина станува во Македонска Каменица. Ќе го брани голот на двократниот Шампион на Македонија!

“Денеска, потпишавме продолжување на соработката со репрезентативната голманка на Босна и Херцеговина, нашата Јелена Гвоздерац. На обострано задоволство, најдобрата голманка во Првата женска фудбалска лига на Македонија останува во нашите редови” – изјави Зоран Златковски, стратег и тренер на шампионската Каменица САСА

Златковски, упатувајќи честитки до Јелена Гвоздерац со желби за нови заедно освоени успеси и титули, додаде дека “Оваа одлука доаѓа по настапите на Гвоздерац во Лигата на Шампиони и одличните натпревари во тековната сезона. Нашата Јоци сосема заслужено останува во нашите редови”.

Потпишувањето на овој значаен договор за ЖФК Каменица САСА доаѓа токму пред денешното големо дерби против моменталниот лидер на табелата ЖФК Љуботен од Тетово. Се надеваме дека тоа ќе биде мотив плус кај сите играчи, за освојување на трите бодови од денешното гостување во Тетово.

Натпреварот е со почеток од 16:30 часот и истиот ќе биде пренесуван во живо, преку стриминг каналите на Каменица.Мк и ЖФК Каменица САСА.

 

#ОдимеНапред

#ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *