Билјана Беличанец пронајдена мртва

Билјана Беличанец, пронајдена обесена во бања во стан во Скопје – дознава 1Тв од извори во МВР. Од МВР ја потврдуваат веста, но се уште не соопштуваат никакви детали. Како што дознаваме, околу час и половина пред полноќ, било пријавено во полициската станица Центар дека е пронајдено безживотното тело на актерката и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода. Според нашите извори, од првичниот увид нема знаци на насилство.

Од МВР најавуваат повеќе информации за утрешниот ден.

Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Таа глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии и одигра бројни улоги во Драмскиот театар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *