Билтен на МВР: 25 годишен жител на село Косевица силувал 81 годишна жена во струмичко

На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко.

Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.