„Бизнис форум за искористување на потенцијалите на Македонска Каменица“ во рамки на годинешната „Ден на дијаспора 2019“

Македонска Каменица, 06.08.2019 година – Општина Македонска Каменица во соработка со Културно-информативен центар „Романса“, Јавното претпријатие „Камена Река“ и Здружението на граѓани „Еленец Цера“ од село Цера ја организира традиционалната средба со иселениците – „Ден на дијаспора“. Оваа средба предизвикува се поголем интерес и годинава се очекува рекорден број на посетители да го посетат Еленец. Во рамки на „Ден на дијаспората“ годинава за првпат ќе се одржи „Бизнис форум со стопанственици и иселеници за искористување на потенцијалите на Македонска Каменица“. Веќе е потврдено присуството на неколку министри од Владата на РСМ, градоначалници од Источно-плански регион, иселеници и претставници на Здруженија на Македонците во странство, како и претставници на приватни компании и фирми од регионот кои имаат интерес за инвестиции во Македонска Каменица.

Во рамки на официјалниот дел, покрај можностите за инвестиции во Македонска Каменица, можностите за подобрување и продлабочување на соработката со македонските иселеници, ќе бидат презентирани и искористени можностите за збратимување со европски градови во кои живеат поголем број Македонци.

 

 

Во рамки на официјалниот дел ќе ги презентираме можностите за инвестиции во Македонска Каменица, можностите за подобрување и продлабочување на соработката со македонските иселеници, но и можностите за збратимување со европски градови во кои живеат поголем број Македонци.

Во рамки пак на неофицијалниот дел предвидено е одржување на целодневна културно забавна програма со македонската музичка звезда Даниела Темелковска и локалниот музички состав „Актив Бенд“.

Градоначалничката Стаменкова во поканата до граѓаните од регионот, иселениците и претставниците на Здруженијата на Македонците во странство, стопанствениците и лицата заинтерсирани за инвестиции во Македонска Каменица за учество во „Бизнис форумот со стопанственици и иселеници за искористување на потенцијалите на Македонска Каменица“ ја нагласи потребата од заедничкиот пристап на сите чинители во создавање на подобра бизнис клима и подобра информираност и запознавање со мерките и програмите за развој кои ги нудат Министерствата на Владата на РСМ. Исто така, ја исористи приликата да ги покани сите, на 12-ти Август да го посетат „Еленец“, да ги видат природните убавини со кои располага Македонска Каменица и преку целодневно заедничко дружење да размениме идеи, искуства и предлози“– изјави Соња Стаменкова – градоначалник на општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *