Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално, и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално, и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
Во Македонска Каменица и околината времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во попладневните и во вечерните часови, ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени. Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи многу топло и сончево со мала локална облачност.
Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на краткотрајно невреме.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат и до 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.