Беровец запалил автомобил во сопственост на жител од село Калиманци. Полицијата го приведе

Полицијата приведе лице од Беровско поради предизвикување пожар во атомобил.

„Денеска (05.01.2023), полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Д.Г.(36) од с.Митрашинци, беровско. Тој се сомничи дека на 04.01.2023 околу 22.00 часот во с.Митрашинци предизвикал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Т.Н. од с.Калиманци, виничко“, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ НА АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *