„Бели гулаби“ организира хуманитарна забава

Хуманитарното здружение „Бели гулаби“од Македонска Каменица, по повод 3-ти декември – Ден на лицата со посебни потреби, организира хуманитарна забава.

Забавата ќе се оддржи на 3-ти декември (сабота), во ресторан „Иднина“, со почеток од 18.00 часот. Во текот на вечерта, присутните ќе ги забавува музички бенд, а ќе биде организирана и изложба на дела изработени од лицата со посебни потреби кои ќе бидат продавани по симболични цени.

Влезниците се во ограничен број, нивната цена е 350 денари и може да се купат кај Наташа Џевелекова или во бутик „Ѕвезда“ Македонска Каменица. 

10313471_684840291552185_8277141809887249535_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *