Баскет Кам убедлив против Вардар во борбата за лидерското место на табелата

Актуелниот шампион се врати на првото место на табелата со убедливиот триумф над најголемиот конкурент (77:58)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам по втор пат подобар од Вардар

Екипата на Баскет кам 2011 се врати на првото место на табелата откако го доби дерби дуелот на 12. коло против Вардар. И тоа со убедливи (77:58), за ефект од десет победи и два порази, но и подобра кош-разлика во однос на најголемиот конкурент за првата стартна позиција во доигрувањето за титулата.

По релативно изедначеното прво полувреме во кое сепак екипата од Македонска Каменица имше предност од (33:22), дилемите околу конечниот победник на дербито ги снема во третиот период. Оној во кој актуелниот шампион дојде до уште повисоки и недостижни (60:36).

Ивана Кметовска беше прво поентерско име во шампионската екипа на Баскет Кам од Македонска Каменица, која реализираше 25 поени. Ја следеше Димова, која постигна 18, Максимовска даде 13, а капитенот Поп-Димитровска уште девет.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 12.КОЛО

Баскет Кам 2011 – Вардар        77:58

Куманово–Гризли – Бадел 1862          75:71

Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром  77:73

Струга 2009 – Крива Паланка  38:71

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 22, Вардар 22, МЗТ Скопје Аеродром 20, Крива Паланка 18, Куманово-Гризли 18, Пробаскет 17, Бадел 1862 15, Струга 2009 12;

ИДНО КОЛО (03.02)

Куманово-Гризли – Баскет кам 2011

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

Бадел 1862 – Струга 2009

Крива Паланка – Пробаскет

Текст и фото: Кошаркарска Федерација на Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published.