БАСКЕТ КАМ ИГРА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ДВОЈНАТА КРУНА

Кошаркарките на Баскет КАМ имаат предност од (2-1) во финалната серија на плеј-офот против Бадел 1862. И доколку победат на денешниот дуел, закажан за 15.30 часот во Македонска Каменица, за прв пат во својата, не така долга историја на постоење, ќе ја освојат шампионската титула.

И на најдобар можен начин, со освјувањето на двата трофеи би ја заокружиле сезоната за паметење, годината за историја на кошарката во овој регион од нашата земја.

Но за да биде така, девојките од Македонска Каменица ќе треба да бидат и по трет пат подобри од својот голем ривал во оваа натпреварувачка сезона, секако и во Купот на Македонија.

ФОТО: Камелија Игњатова (Баскет КАМ)

За потсетување, „баделки“ ја добија првата средба од серијата (64:60). Но Баскет КАМ возврати во наредните две. Прво на домашен терен (78:73), а недолго потоа и на гостински. Згора на тоа со триумфот пред некој ден во салата „Независна Македонија“ (71:59), ја поништија предноста на домашен терен која ја имаше противникот пред почетокот на финалето на плеј-офот.

А тоа им донесе и две меч топки за титула, од која првата е денеска.

Две кошаркарки се и носители на играта на Басет КАМ. Од Анџелика Митрашиновиќ и Драгана Гобељиќ повторно најмногу ќе зависи играта на екипата од малото рударско гратче.

Но никако не смее да се заборави и на придонесот кој во играта го даваат и високите Брајковиќ, односно Кметовска, а своето место во првите пет го заслужува и Поп-Димитриевска.

ФОТО: Александра Стојановска (Бадел1862)

Такви проблеми, особено во ротацијата се сè поголеми кај Бадел 1862. Освен што не можеа да сметаат на повредените Јоловиќ и Адамовска, во текот на финалето останаа и без помош на Димова. Па уште еднаш во ова финале, најголемиот товар во играта ќе падне на двоецот Александра Стојановска и Нена Трајчевска. Репрезентативниот тандем на „сино-жолтите“ ќе ја чека помошта од Лазареска, Максимовска, Димитријевиќ, Секуловска.

Доколку ја добијат, овој четвртти меч од серијата би можел да биде доста интересен и возбудлив до самиот крај.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ- 4. НАТПРЕВАР

ДЕНЕСКА:

15.30: Баскет КАМ – Бадел 1862 (2-1) (МРТ3)

Сала на ОУ „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

Судии: Цветаноски-Тасевски-Зафировски

Делегат: Божиновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *