Баскет Кам го задржа победничкиот ритам за задоволство на публиката во преполната спортска сала во Македонска Каменица

Во заостанатиот натпревар од второто коло во „Оролоџото“ актуелниот првак на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица, беше подобар од Вардар (68:63)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам на три чекори пред конкуренцијата

Кошаркарките на Баскет кам од Македонска Каменица ја продолжија победничката серија и во првенствените натпревари.

По освојувањето на националниот Куп на Македонија, девојките од Македонска Каменица им се вратија и на прволигашките обврски. Во заостанатиот натпревар од второто коло од „Оролоџото“ на свој терен беа подобри од екипата на Вардар со конечни (68:63).

Гостинките од скопје го добија првиот период од играта со (15:11), домашниот тим се врати во вториот, и на полувреме се стекна со предност од (36:32),

Слично се одвиваа работите и во второто полувреме. „Вардарки“ го добија третито дел (19:17), но решавачката четвртина му прадна на Баскет кам, за конечни (68:63).

Комплетната прва петорка на екипата која ја предводи тренерот Жаклина Стојановска, заврши како „двоцифрена“. Најмногу, 17 поени, даде Адамоска, Димова имаше 15, Кметовска 12, а Поп Димитровска и Николов по 11.

На другата страна, Матие, беше прва на листата на стрелците, реализираше 23. поени.

По комплетирањето на ова коло, актуелниот бранител на шампионскиот трофеј има ефект (14-2), и има предност од три поени во однос на првите пратители, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром (ефект 11-5).

Сега Баскет Кам, со освоени 30 бодови е осамен на врвот од табелата, со три бодови повеќе скопските екипи на Вардар и МЗТ Аеродром, кои го делат второто место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *