Баба мора да ги отстрани сликите од внуците од Фејсбук, ги ставала без дозвола од ќерка си

Баба мора да ги избрише фотографиите од внуците шти ги објавувала на Фејсбук и на Пинтерест без дозвола од нивните родители, одлучи судот во Холандија, објави Би-би-си.

Случајот завршил на суд откако ќерката неколку пати ѝ рекла на мајка си да ги избрише фотографиите што ги објавила на социјалните мрежи.

„Преку Фејсбук фотографиите може да завршат во сечии раце“, заклучил судот во рамки на законот за заштита на податоци на ЕУ (General Data Protection Regulation – GDPR).

Бабата треба да ги отстрани фотографиите или да плати казна од 50 евра за секој изминат ден ако не ја исполни наредбата од судот, а најмногу 1.000 евра.

Ако објави нови фотографии од децата во иднина ќе биде казнета со дополнителни 50 евра од ден.

– Сметам дека правото ќе изненади многумина кои веројатно не размислуваат премногу пред да ги твитнат или објават фотографиите. Независно од правниот став, луѓето кои ги постираат тие фотографии треба да се запрашаат: „Дали некој сака тие сѐ уште да бидат таму“. Всушност, разумна и човечка работа што треба да се направи е фотографиите да се тргнат – вели адвокатот Нил Браун.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *